ЕВРОПСКАТА УНИЈА Е ГЛУВА НА ПОВИЦИТЕ ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО БАЛКАНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Извозниците веќе најавуваат огромни загуби

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека една компанија со која разговарал деновиве најавува загуби од 1,5 милиони евра неделно поради проблемите со транспортот на нејзините производи.

427

Една година алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ и требаше да се донесе до ескалација да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем којшто може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во однос на новите правила за влез во земјите од шенген зоната за професионалните возачи.

Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега решение нема, а Владата целосно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните премини кон шенген земјите.






– Од понеделник ќе има протест кој предвидено е да трае 7 дена на граничните премини кои одат кон шенген зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија, бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Целокупното производство на компаниите кои произведуваат во ТИРЗ кои што работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои што носат најголем девизен прилив – 100% извоз, голем дел од домашните компании кои се извозно ориентирани и ако не можат да извезат тогаш запира и економската активност, а од друга страна ако превозот поскапи за 3 до 5% тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар- појасни Николоски во интервју за Радио Лидер.

Иако во континуитет има разговори со претставници до ЕУ, засега тие остануваат на ставот за употреба на новите правила за влез и за транспортерите.

-Јас во декември имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ, директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање и овие радикални мерки се единствен начин да се привлече внимание. Јас и владата имаме целосно разбирање за македонските транспортери, го разбираме нивниот револт, ги подржуваме нивните барања и навистина треба да се реши овој проблем преку одложување на електронскиот систем за професионалните возачи или да се изнајде начин како да добиваат работни визи треба да го реши ЕУ. Мислам дека не им е јасно на ЕУ што значи ова за земјите од Западен Балкан, се работи за класична бирократија, за целосна игнорантност и непосветување внимание на проблемот- вели Николоски.

Тој како пример истакна дека веројатноста е голема за зголемување на цената на превозот за 5% со што домашните производи ќе станат неконкурентни на европскиот пазар.

– Сите стопански комори од регионот веќе цела година реагираат. Не е едноставно решението. На пример компанија од Македoнија која што извезува во Германија, ако ангажира германска компанија, тогаш превозот е од 3 до 5% поскап. Доколку превозот е до 5% поскап, тогаш производите во Македонија и регионот ќе станат неконкурентни и тогаш можно компаниите да си заминат од Македонија. Една компанија со која разговарав, а нема да ја именувам, најавува загуби од 1,5 милиони евра неделно. Сега со овие услови, транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив од причина што ќе се намали времето за 50% што возачите ќе можат да го минуваат во рамки на ЕУ- додаде Николоски.

Поврзани содржини