🎥 TOM БРЕЈДИ СИ ГО ОТВОРИ СРЦЕТО Легендарниот НФЛ играч проговори за тоа колку му бил тежок разводот од Жизел Бундшен
Том Брејди проговори за тоа колку тежок бил неговиот развод од Жизел Бундшен во текот на неговата последна година во НФЛ. „Имав многу лични семејни проблеми и тоа беше предизвик. Едноставно одзеде многу од мене во однос на мојата способност да продолжам да играм.“
Тие некогаш беа еден од најпознатите брачни парови, а потоа нивната разделба ги шокираше сите. По четири години, Том Брејди проговори за тоа како неговиот развод од Жизел Бундшен влијаел на неговата одлука конечно да се пензионира.
Пред светот на славните да полуди по комбинацијата на музичка суперѕвезда и најдобриот тајт енд во историјата на американската фудбалска лига НФЛ, Тејлор Свифт и Тревис Келс, најпознатиот пар беше бразилската манекенка Жизел Бундшен и лидерот на Њу Ингланд Патриотс и Тампа Беј Баканирс, Том Брејди. Затоа не беше ни чудо што сите беа шокирани од нивниот развод во 2022 година, наводно предизвикан од тоа што Брејди се врати на теренот еден и пол месец откако објави дека ќе се пензионира.
Легендарниот НФЛ играч и седумкратен победник на Супербоул отворено зборуваше за својата последна сезона во професионалниот американски фудбал и призна колку неговиот развод од манекенката влијаел на неговата игра и неговата одлука да се пензионира.
Појавувајќи се во „The Herd“, Брејди размислуваше за сопственото искуство додека коментираше за можното пензионирање на 42-годишниот поранешен соиграч Арон Роџерс од НФЛ. Том призна дека сезоната 2022 била исклучително тешка за него поради лични проблеми што се одвивале паралелно со неговите натпреварувачки обврски.
– Мојата последна сезона беше тешка. Поминував низ некои сериозни семејни проблеми и тоа ми одзеде многу енергија, и физички и ментално – рече Брејди, додавајќи дека по 23-годишна кариера, не чувствувал дека остава нешто недовршено со пензионирањето.
Тој посебно нагласи дека во тој момент сакал да ги промени своите приоритети и да се посвети повеќе на своите деца: „Сакав да бидам на нивните натпревари. Тие ме гледаа мене веќе доволно пати.“
Разводот меѓу Брејди и Бундхен се случи на средина од сезоната, откако поранешниот модел се спротивстави на неговата одлука да се врати на теренот по освојувањето на Супербоулот во 2021 година со Тампа Беј Буканирс, откако го објави своето пензионирање 40 дена претходно. Нивниот брак траеше 13 години, а разделбата беше една од најследените во светот на спортот и шоубизнисот.
Heartbreaking: Tom Brady speaks about how rough his divorce from Gisele Bündchen was during his final year in the NFL.
“I had a lot of personal family issues, and it was a challenge. It just took a lot out of me in terms of my ability to continue to play.”
You can just see the… pic.twitter.com/x9Hy4WjbNB
— Dov Kleiman (@NFL_DovKleiman) January 16, 2026
Во меѓувреме, Бундхен се премажи, за инструкторот по џиу-џицу Хоаким Валенте, со кого неодамна доби дете. Според американските медиуми, Брејди бил информиран за свадбата и мирно ја прифаќа целата ситуација, фокусирајќи се главно на својот однос со своите деца.
Брејди, кој оттогаш стана експертски коментатор на FOX за неделните натпревари и малцински сопственик на Лос Вегас Рејдерс, исто така се осврна на советите што би им ги дал на играчите кои размислуваат за пензионирање. Тој нагласи дека повлекувањето од професионалниот спорт е исклучително тешко, но дека сезоната не треба да се игра половично.
– Ако не можете целосно да се посветите, тогаш сезоната никогаш нема да заврши како што треба – рече тој, додавајќи дека само целосната посветеност му дава шанса на тимот да успее, особено кога станува збор за стартен квотербек.
Со својата искрена изјава, Брејди уште еднаш покажа дека дури и најголемите спортски икони се соочуваат со тешки лични моменти и дека понекогаш тие се оние кои одлучуваат за крајот на една одлична кариера.