ГЕРМАНИЈА СТАНА НАЈГОЛЕМ УВОЗНИК НА БРАЗИЛСКО КАФЕ Поради царините САД паднаа на втората позиција

Бразил минатата година извезе вкупно 40 милиони вреќи кафе, што е пад од околу 20% во споредба со претходната година. И покрај помалите количини, приходите од извоз се зголемија за 24% на рекордни 15,5 милијарди долари.

49

Во 2025 година, Германија стана најголем светски купувач на кафе од Бразил, надминувајќи ги САД, кои паднаа на второ место по воведувањето на високи увозни царини.

Германија минатата година увезе 5,4 милиони вреќи од 60 килограми бразилско кафе, што претставува 13,5% од вкупниот извоз на Бразил, според бразилското здружение на извозници на кафе „Cecafé“.






САД, традиционално најголемиот купувач на кафе во Бразил, паднаа на второ место со увоз од 5,3 милиони вреќи, што е пад од 33% во однос на претходната година.

Здружението оценува дека падот главно се должи на привремените царини до 50% воведени од САД што придонело пратките во САД да се намалат за 55%.

Бразил минатата година извезе вкупно 40 милиони вреќи кафе, што е пад од околу 20% во споредба со претходната година. И покрај помалите количини, приходите од извоз се зголемија за 24% на рекордни 15,5 милијарди долари.

По Германија и САД, главни купувачи на бразилското кафе се Италија, Јапонија и Белгија.

Поврзани содржини