ПРИНЦОТ ХАРИ ЈА ПОДДРЖА ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ НА СУДЕЊЕТО ПРОТИВ БРИТАНСКИТЕ ТАБЛОИДИ Војводата го заврши своето сведочење еден ден пред сведочењето на Лиз

Еден ден по неговото емотивно сведочење на судењето против британските таблоиди, принцот Хари се појави повторно во судот за да ја поддржи актерката Елизабет Харли која е меѓу другите тужители во случајот

58

Војводата од Сасекс (41) го заврши своето сведочење на судењето против британските таблоиди на 21 јануари, но се врати во судот во Лондон за да ја покаже својата поддршка за другите тужители во неговиот случај против издавачите на „Дејли меил“, меѓу кои е и актерката Елизабет Харли (60).

Војводата од Сасекс присуствуваше на Високиот суд во Лондон на 22 јануари додека актерката Елизабет Харли даваше исказ. Харли беше фотографирана како пристигнува на судот со својот син Дамијан (23).






Ова се случи еден ден откако самиот Хари седеше на местото за сведоци одговарајќи на прашања за неговите жалби против „Асошиејтед њузпејперс“, кој ги издава „Дејли меил“ и „Мејл он сандеј“.

Другите тужители се Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш, како и поранешната сопруга на Џуд Ло, Сејди Фрост. Заедно, тие го обвинуваат „Асошиејтед њузпејперс“ за користење незаконски методи за собирање информации.

На 22 јануари, Хари седна во судницата 76, додека Харли го зазеде своето место во просторијата за сведоци кратко по 10:30 часот по локално време и беше замолена да се заколне под заклетва на Библија дека ќе ја каже „целата вистина“. Потоа адвокатот на „Асошиејтед њузпејперс“, Ентони Вајт, ѝ постави низа прашања.

За време на испрашувањето, Харли беше прашана зошто не се пожалила во времето кога биле објавени статиите, односно, помеѓу 2002 и 2011 година. Таа рекла дека не поднела жалби затоа што „тие во суштина биле вистинити“. „Верувам дека тоа е затоа што луѓето ме слушаа како зборувам“, додала таа.

На половина од нејзиното сведочење, Харли се расплакала. Ѝ биле покажани низа статии – некои за нејзината врска со покојниот Стив Бинг, кој е татко на нејзиниот син Дамијан – кога се расплакала и ѝ требало време да застане. Таа рекла дека никогаш нема јавно да каже нешто што не сака да го прочита нејзиниот син.

Ја прашале дали сака да прекине, но таа одбила и неколку моменти подоцна, Харли рекла: „Беше прилично трауматично време“.

Војводата од Сасекс во врска со своето емотивно сведочење рекол дека во годините откако го покренал случајот пред неколку години, весниците продолжиле да го таргетираат него и неговата сопруга, Меган Маркл, правејќи го нејзиниот живот „апсолутна мизерија“.

Свртувајќи се кон судијата, гласот на Хари се скршил додека зборувал за последиците од случајот.
– И го направија животот на мојата сопруга апсолутна мизерија, господине. Во текот на овој судски спор, тоа само се влоши, а не се подобри – му рекол тој на судот.

– Фундаментално е погрешно повторно да нè ставаат сите нас да минуваме низ сето ова. Она што е потребно е извинување и одредена одговорност. Тоа е ужасно искуство.
Околу 30 минути по сослушувањето, тој ја напуштил судската зграда во центарот на Лондон изгледајќи порасположен.

Во својата изјава како сведок, Хари рекол дека се чувствувал принуден да преземе правни мерки по она што го опишал како „злобно“ и „понекогаш расистичко“ известување за Меган (44) по почетокот на нивната врска во 2016 година.

Овој случај е третата – и последна – правна битка на Хари против некои британски публикации. Пред една година, Хари постигна изненадувачка спогодба со издавачот на The Sun, кој плати осумцифрена сума отштета и издаде невидено извинување признавајќи незаконски дејствија. Тоа следеше по долготраен случај против Mirror Group Newspapers (MGN), во кој му беше досудена отштета. Издавачите, исто така, платија околу 500.000 долари за адвокатските трошоци на Хари.

Поврзани содржини