🎥 НАД 60 МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ПАКИСТАН Молот во Карачи имал премногу дуќани, а немал излез за итни случаи

На стотици пожарникари им беа потребни повеќе од 24 часа за да го изгаснат пожарот што избувна во саботата и оттогаш е во тек операција за спасување.

108

Околу 60 луѓе загинаа во огромниот пожар што избувна во саботата во трговски центар во градот Карачи во Пакистан, соопштија денеска официјални лица. Спасувачите сè уште бараат исчезнати тела, откако десетици мртви беа пронајдени изнинативе денови.

Градскиот службеник Џавед Наби изјави дека останките од околу 30 лица се откриени неколку дена по пожарот.






– Околу 30 лица сè уште се водат како исчезнати. Нема надеж да се најде некој жив – рече службеникот за спасување Мохамед Амин.

Деновиве се спроведува ДНК тестирање на останките, претежно екстремитети и коски, за да се идентификуваат мртвите, изјави полицискиот хирург Сумаја Саид.

Тој предупредувајќи дека процесот може да трае со денови.

Пожарот избувна во повеќекатен трговски центар, заробувајќи десетици продавачи и купувачи во комплексот, кој немаше излези за итни случаи.

На стотици пожарникари им беа потребни повеќе од 24 часа за да го изгаснат пожарот и оттогаш е во тек операција за спасување.

Трговскиот центар доби одобрение за 400 продавници, но беше преполн со околу 1.200, многу од нив снабдени со облека, козметика, електрични апарати и хемикалии.

Пожарите во станбени и комерцијални згради се чести во Пакистан, каде што многу високи згради работат без сертифицирани противпожарни и безбедносни системи.

Противпожарните служби честопати имаат недостиг од персонал и се слабо опремени, што ја ограничува нивната способност да реагираат на вонредни состојби од големи размери.

Поврзани содржини