ЕДНА МИНИМАЛНА ПЛАТА МЕСЕЧНО ОДИ САМО ЗА ХРАНА Синдикатите пресметаа минимална кошничка од 66.413 денари
Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари.
Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите.
Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари.
Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалаци, а за намирување на минималните режиски трошоци 6.338 денари.
Поради зголемените трошоци на живот, ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за што во следниот период најавува протести.
Нето платата изнесува 24.379 денари