🎥 МОЌНИОТ ГЛАС НА ТИНА РУСЕВА ЈА ОСВОИ ЕВРОПА Струмичанка победи на престижниот натпревар „The Voice of Europe“

Русева кон крајот на минатата година се истакна на натпреварот „The Voice of Germany“, со што успеа да се квалификува за финалето на „The Voice of Europe“, каде ја обезбеди највисоката позиција на натпреварот.

216

Младата струмичанка Тина Русева повторно ја воодушеви музичката публика и жири-комисијата, овојпат на престижното натпреварување „The Voice of Europe 2025“, каде го освои првото место.

Тина импресионираше со својот моќен вокал и со извонреден сценски настап, оставајќи силен впечаток кај сите.






Русева кон крајот на минатата година се истакна на натпреварот „The Voice of Germany“, со што успеа да се квалификува за финалето на „The Voice of Europe“, каде ја обезбеди највисоката позиција на натпреварот.

Онлајн натпреварот се базираше на гласовите на публиката, а Тина успеа да добие повеќе од 40.000 гласови во рок од 24 часа, потврдувајќи ја големата поддршка од своите фанови и следбеници.

Тина со видеопорака им се заблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила.

– Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам во овој момент е бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи – вели Русева.

Поврзани содржини