ФИРМА НЕЛЕГАЛНО ПРЕНЕСУВАЛА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ И ШВЕРЦУВАЛА СТОКА Царинските инспектори ја открија и ѝ пишаа кривична

Како што соопшти Царинската управа, при претресот биле пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240.000 денари (околу 4.000 евра).

206

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока.

Како што соопшти Царинската управа, при претресот биле пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240.000 денари (околу 4.000 евра).






Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Како што појаснија од Царинската управа, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера оттаму да ги транспортира до нарачателите, за што би наплатувала паричен надомест.

Поврзани содржини