ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ СЕ ЗАЈАКНУВА СО 40 ИНСПЕКТОРИ На удар ќе бидат трговците кои не ги почитуваат законите

Во Трудовиот инспекторат сега има 80 инспектори, а во Пазарниот инспекторат - 120. 

142

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен, изјави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој оцени дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите.






Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат сега има 80 инспектори, а во Пазарниот инспекторат – 120.

– Уште во времето кога овие два инспектората, со измените на законот, го изгубија правото на правен субјект и влегоа во рамки на Министерството за економија, ја известив Владата со барање да имаме повеќе инспектори, особено во Пазарниот инспекторат, бидејќи тие го опфаќаат целиот внатрешен пазар. Во овој Инспекторат треба да има повеќе инспектори за да може да си ја вршат својата работа со отчетност и да имаме поголема контрола на целиот внатрешен пазар и над сите оние што не ги почитуваат законите – изјави Дурмиши, кој присуствуваше на презентација на националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025 – 2030 година.

Поврзани содржини