ВО НОЕМВРИ БИЛА ПРЕДВИДЕНА ГРАДБА НА 761 СТАН Повеќе од половина ќе се градат во Скопје

Од другите региони - 113 станови ќе се градат во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, 4 во Југоисточниот и 3 во Североисточниот регион.

54

Вкупно 304 одобренија за градење се издадени во ноември лани, што е за 16,9% повеќе во однос на истиот месец од 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите за кои се дадени одобренија изнесува 87,8 милиони евра, што е за 27,1% повеќе  во однос на ноември 2024 година.






Најмногу одобренија за градење се дадени во Скопскиот регион вкупно 110. Следат Полошкиот со 55, Вардарскиот со 36, Југозападниот со издадени 29 одобренија за градење.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (68,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба.

Предвидена е изградба на 761 стан, од кои 427 во Скопскиот Регион, 113 во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, 4 во Југоисточниот и 3 во Североисточниот Регион.

За нискоградба се издадени 34 одобренија, а за реконструкција на објекти 62.

За 162 објекта (53,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46,7%) објекта деловни субјекти.

 

Поврзани содржини