ВО МАРТ КОМПАНИИТЕ ЌЕ ГО ДОБИЈАТ ПРВИОТ ДЕЛ ОД ПОВРАТОТ НА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК Дел од компаниите не прифаќаат износот да го добијат во две рати

Министерката за финансии Димитриеска Кочоска очекува за наредните два месеца дел од компаниите кои не се за поврат на парите од солидарниот данок да се реализира на две рати да се премислат.

104

Првиот поврат на парите уплатени од компаниите за солидарен данок ќе се реализира во март, а вториот дел во март следната година, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

-Конечните листи се направени. Најголем дел од компаниите се согласија враќањето да биде на две рати. Обрасците се подготвени. УЈП треба да ги објави обрасците на својата веб страна и очекувам првата половината на износот на солидарниот данок компаниите да го добијат во март –  рече Димитриеска Кочоска.






Таа рече дека дел од компаниите не се согласуваат враќањето на парите да биде во две рати.

-Но, очекувам за овие два месеца состојбата да се промени и дел од нив да се премислат – рече министерката за финансии.

 

Поврзани содржини