„Куд пЛови овај брод“ СДСМиЛановац со меко „л“?

На домашната политичка сцена, или Венко ја претворил партијата во фирма за политички маркетинг услуги во соседството?

260

Личи дека Венко Филипче предизборно ја продал партиската и-меил адреса. За од тука да се бори на изборите во Србија.

Еве му сега нова изборна тезга – Бугарија. Таман да одговара на безидејната бугарска политичка сцена и да игра пинг-понг со сите бугарски провокации.






Добар коцкар, би рекле, „два у кец“, со бугарската теза за „српски свет“ да учествува со кампања и во Србија и во Бугарија.

Можеби тоа се и корените на Венко, кога тврди подолго време „избори ќе има“, ама не кажува дека мисли на избори во Србија и во Бугарија.

Јас друга логика не гледам, ниту за оние „приопчења“ со меко „л“ од СДСМиЛановац, ниту за тезите преземени од бугаринот Виктор Стојанов. Ниту пак, Боже мој, за она поддавање за преземање мигранти, товарот на ЕУ.

Дали таму пЛови овај брод? На српската и на бугарската политичка изборна сцена, бидејќи тука дома оддамна не му иде, ама ич.

Поинаку и не можам да видам „Куд пЛови овај брод“ со меко „л“, СДСМиЛановац, под товарот на два последователни изборни порази поради Венковото бркање вештери и вештерки од партијата и во медиумите и со бегање од земјава токму пред избори, кога најмногу треба да се работи.

Лидер тоа не е!

Ако не е трговец далдисан по умот на „Милановац“, тогаш Венко ќе треба да покаже политика, зрелост и одговорност кон државата. Ќе треба да седне да каже збор-два за реформската агенда, да разговара со сите – а најмногу со власта. Ако се смета за лидер на опозиција. Па и да праша, да согледа и да пренесе во партијата и да си видат таму навистина „Куд плови овај брод“?

Политиките за државата се кројат на маса со сериозни луѓе, не на јахта на Заев, не со пловидби разгаќени по Егејот пред локалните избори, или сега, во луксузните гондоли по скијачките монденски места, повторно со Заев.

Терајќи вака, многу скоро може да дојде денот одговорот на Филипче да му дојдат во самиот СДСМ, на тоа „Куд пЛови овај брод“ – да го прашаат за „сидрото што влече напред“.

Ах, ете несакајќи, фрлив јадица. „Многу скоро“… Дали тоа најавувам избори, ама без Техничка, договорена од сите ама без Венко?

Поврзани содржини