220 ТАБЛЕТИ СКРИЕНИ ВО ПАКЕТ Контрола во затворот Идризово откри обид за шверц

При редовна контрола во затворот „Идризово“, службите открија 220 таблети скриени во пакет наменет за осуденик од Скопје.

118

Обид за внесување недозволени супстанци бил спречен во затворот „Идризово“, откако при контрола на пакет наменет за затвореник биле пронајдени големо количество таблети.

Како што информираат од полицијата, при претрес на пратка која била испратена до 39-годишен осуденик од Скопје, во затворот биле откриени и одземени вкупно 220 таблети.






Случајот бил пријавен во СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на потеклото и намената на пронајдените таблети.

Поврзани содржини