СНЕГОТ Е ПОДГОТВЕН, АДРЕНАЛИНОТ РАСТЕ Утре стартува новата ски-сезона на Попова Шапка

Ски-лифтовите ќе работат од 08:45 до 15:00 часот, а сезонските билети ќе може да се купат директно на билетарата.

889

Ски Центарот Попова Шапка официјално ја отвора зимската сезона 2026 утре, во недела, на 11 јануари, со подготвени патеки, доволно снег и ски-лифтови кои ќе бидат во функција од раните утрински часови.

Од Ски Центар Попова Шапка информираат дека сите љубители на снегот и зимските спортови ќе можат да уживаат во новата сезона, при што ски-лифтовите ќе работат во периодот од 08:45 до 15:00 часот.






– Снегот е подготвен, патеките ве очекуваат и адреналинот започнува. Подгответе ја опремата и започнете со нас сезона полна со забава, спорт и незаборавни моменти – порачуваат од Ски Центарот.

Од управата дополнуваат дека сите посетители кои сè уште не обезбедиле сезонски билет, ќе имаат можност да го купат директно на билетарата на Попова Шапка.

Попова Шапка и оваа година останува една од најатрактивните зимски дестинации во земјава, подготвена да ги пречека скијачите, бордерите и сите љубители на планинската авантура.

Поврзани содржини