ЛАЖЕН ЛЕКАР Ѝ ЗЕЛ 12.400 ЕВРА НА ЖЕНА ОД ВИНИЦА Сакала да ја спаси снаата, ама останала без пари
Измамникот ѝ рекол дека снаата ѝ е тешко повредена и дека итно се потребни пари за операција.
67-годишна жена од Виница останала без 12.400 евра откако станала жртва на класична телефонска измама, во која сторителот се претставил како лекар и ја убедил дека нејзината снаа е тешко повредена.
Според пријавата во полиција, измамникот ја контактирал телефонски и ѝ соопштил дека снаата доживеала сериозна повреда на работното место и дека е неопходна итна операција, за која веднаш требало да се обезбедат пари.
Исплашената жена ги подигнала парите од банка и, следејќи ги инструкциите што ги добила по телефон, ги оставила на договорено место. Дури подоцна сфатила дека станува збор за измама и дека снаата не била повредена.
Случајот бил пријавен во ОВР Виница, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на измамата.