СЕ ФОРМИРА НАЈГОЛЕМАТА СЛОБОДНА ТРГОВСКА ЗОНА Договорот ЕУ-Меркосур отвора пазар од 700 милиони потрошувачи

Владите на земјите-членки треба да ја потврдат одлуката денеска до 17 часот. За донесување на одлуката е потребно квалификувано мнозинство, односно најмалку 15 земји-членки во кои живеат најмалку 65% од населението на Унијата. Правно обврзувачки договор треба да се потпише за три дена, а тој ќе треба да биде потврден од Европскиот парламент.

2,212

Се создава најголема зона на слободна трговија во светот. Земјите-членки на ЕУ денеска го поддржаа потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур, кој го сочинуваат Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај.

Владите на земјите-членки треба да ја потврдат одлуката денеска  до 17 часот. За донесување на одлуката е потребно квалификувано мнозинство, односно најмалку 15 земји-членки во кои живеат најмалку 65% од населението на Унијата.






Правно обврзувачки договор треба да се потпише за три дена, а тој ќе треба да биде потврден од Европскиот парламент пред да стапи во сила. Против договорот се Франција, Полска, Ирска и Унгарија.

На состанокот на амбасадорите на земјите-членки (Корепер) е заклучено дека постои широка поддршка за потпишување на Договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур (EMPA) и Привремениот трговски договор (ITA).

Спогодбата за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур (EMPA) предвидува, меѓу другото, постепено намалување на царинските давачки за увоз на клучни европски индустриски производи, како што се автомобили, машини и лекови, во земјите од Меркосур.

Високите царински давачки за увоз на некои важни земјоделски и прехранбени производи од ЕУ, како што се виното и жестоките пијалaци, чоколадото и маслиновото масло, исто така ќе бидат намалени.

Договорот ЕУ-Меркосур создава најголема зона на слободна трговија во светот со повеќе од 700 милиони потрошувачи.

Европските извозници ќе имаат корист од ниските царини во регион кој има високи царински стапки за речиси сите земји во светот.

Според проценките на Комисијата, договорот би можел да го зголеми годишниот извоз на ЕУ во Меркосур за до 39 % (49 милијарди евра), поддржувајќи повеќе од 440.000 работни места низ цела Европа.

Поврзани содржини