📽️ ПЛИВААТ ДРЕНИЦА И ЗАПАДОТ НА КОСОВО Ефектите од бурата Горети не го одминаа Балканот

Во општините Дренас, Малишева и Раховец, трафостаниците беа поплавени, што доведе до прекин на електричната енергија и водоснабдувањето. Западните медиуми ја пренесоа снимка со дрон од поплавениот град Дреница(Глоговац).

967

Обилни дождови го погодија Косово, носејќи со себе поплави што ги зафатија речиси сите региони. За само 24 часа, западниот дел од земјата доби повеќе од 50 милиметри дожд, а локалните метеоролошки станици во Малишева измерија дури 80 милиметри.

Додека 13.000 хектари плодни ниви во Албанија се под вода, селото Кузмин во близина на главниот град на Косово „плива“.






Снимките, пак, од поплавениот паркинг во Дреница (Глоговац) ги обиколија социјалните мрежи.

Метеоролозите дури 80 милиметри дожд  во Малишева на Косово, односно повеќе од 50 милиметри во речиси сите региони на запад од земјата.

Пороите што траеле од сабота до среда создадоа хидролошки хаос: реките ги пробија насипите, селата останаа отсечени, а цели домаќинства беа изолирани.

Во општините Дренас, Малишева и Раховец, трафостаниците беа поплавени, што доведе до прекин на електричната енергија и водоснабдувањето. Спасувачките екипи непрекинато работат, извлекувајќи жители заробени во своите домови.

Според извештаите на „Гардијан“, ситуацијата е „хаотична, но контролирана“, бидејќи локалните власти со помош на армијата ги зајакнуваат насипите и спроведуваат итни евакуации.

Во регионот Јуник, каде што паднале дополнителни 130 милиметри дожд, настанале и неколку лизгања на земјиштето што блокирале патишта.

Во Црна Гора, по силните врнежи од дожд неколку реки излегоа од коритата, предизвикувајќи поплави во населени места како Даниловград. Неколку семејства беа евакуирани, а сообраќајот беше прекинат на неколку регионални патишта поради излеани води и свлечишта. Водата од реката Зета ја блокираше сообраќајната мрежа и предизвика отежнато движење на теренот.

Зголемени водостои поради врнежите и поради снегот имаше во Босна и Херцеговина, Србија и во Македонија.

Бурата Горети, како што ја именуваше медиумот Метео-Франс, го зафати западниот брег на Европа. Британската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за Корнвол и островите Сили, каде што налетите на ветер достигнале 100 километри на час. Во Нормандија ветерот дувал со 132 километри на час, а во Бретања со 94. Дури и Париз почувствувал налети од 65 километри на час.

На северниот брег на Франција биле забележани бранови високи до 9 метри, а властите предупредиле на можни крајбрежни поплави.

Бурата продолжува кон исток, носејќи снежни услови што би можеле да ја погодат Германија и земјите од Бенелукс за време на викендот.

Поврзани содржини