ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК ПАДНАЛ ОД ЗГРАДА ВО ДЕБАР Починал на пат кон болница

На местото излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција.

144

Градежен работник вчера околу пладне паднал од зграда во изградба на која работел, на улица Братство и единство во Дебар. Била повикана Итна медицинска помош, која се обидела 40-годишниот С.К. од Дебар да го пренесе во градската болница, но на пат кон болницата тој починал.

На местото излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од ОВР Дебар.

Поврзани содржини