УЖАСНО Е КОЛКУ ПАРИ НИ БАРА БРИСЕЛ Орбан со милијардите би исплаќал пензии 40 години

Сето ова е за да имаме нешто да ги платиме украинските режиски трошоци. Па, тоа е она што ние Унгарците не го прифаќаме!, напиша премиерот на Унгарија споредувајќи ја сумата со пари за пензии во Унгарија за следните 40 години.

1,363

„Ужасно е тоа што Брисел го бара од нас“.

Вака напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи ја новата уредба на Европската Унија со која треба да се обезбедат 800 милијарди долари финансиска помош за Украина. Според него, токму граѓаните на земјите-членки ќе го понесат товарот на тој план, а Унгарија би изгубила дел од пензиските и семејните бенефиции.






Орбан на социјалните мрежи напишал дека парите што Украина ги бара „би биле доволни да се исплаќаат пензии во Унгарија 40 години и семејни додатоци 60 години“. Тој нагласил дека уредбата од Брисел би значела укинување на 13-тата и 14-тата пензија и воведување нов прогресивен данок на доход.

„Сето ова е за да имаме нешто да ги платиме украинските режиски трошоци. Па, тоа е она што ние Унгарците не го прифаќаме!“, напиша Орбан на социјалните мрежи.

Тој најавил дека извештајот на министерот за надворешни работи Јанош Бока за распределбата на тие пари ќе биде објавен јавно, за „унгарските семејства да знаат каков план им се наметнува од Брисел“.

„Во април ќе можеме да избереме меѓу патот на Брисел и патот на мирот“, додал премиерот, алудирајќи на предизборната трка против опозицискиот лидер Петер Маѓар и неговата партија TISZA.

Политичките аналитичари во Будимпешта оценуваат дека Орбан ја заострува реториката во обид да го задржи своето влијание пред изборите, обвинувајќи ја Европската Унија дека „ги казнува Унгарците заради туѓи војни и туѓи интереси“.

Поврзани содржини