АМЕРИКАНЦИТЕ САКААТ ДА ГО КУПАТ „ЛУКОИЛ“ „Шеврон“ и „Квантум капитал“ нудат 18,8 милијарди евра

Понудата ги вклучува сите нафтени и гасни постројки, рафинерии и малопродажна мрежа на Лукоил надвор од Русија, вклучувајќи повеќе од 2.200 бензински пумпи распоредени низ Европа, Азија и Блискиот Исток.

3,090

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ и инвестицискиот фонд „Квантум Капитал Груп“ планираат да достават заедничка понуда за преземање на целиот имот на руската компанија „Лукоил“ надвор од Русија, чија вредност се проценува на 18,8 милијарди евра. Администрацијата на Доналд Трамп е известена за предлогот, додека преговорите траат до 17 јануари 2026 година и зависат од одлуката на Министерството за финансии на САД и одобрението од регулаторите.

Понудата ги вклучува сите нафтени и гасни постројки, рафинерии и малопродажна мрежа на Лукоил надвор од Русија, вклучувајќи повеќе од 2.200 бензински пумпи распоредени низ Европа, Азија и Блискиот Исток.






Компанијата се одлучи за овој потег откако САД и Велика Британија воведоа санкции насочени кон продажба на нафта и деривати на вториот најголем производител во светот, рускиот Лукоил, кон средината на октомври 2025 година.

Прв понудувач беше швајцарскатака корпорација „Гунвор“, но се откажа откако Белата куќа го означи како „руска алатка“. После тоа, интерес покажаа унгарски MOL, Exxon Mobil, Saudi Midad Energy, инвестицискиот фонд Carlyle, International Holding Company од Абу Даби и австрискиот претприемач Бернд Бергмаир.

Одлуката за купувачот ја донесува Министерството за финансии на САД, додека секој договор е предмет на одобрување од американските регулатори. Ова практично значи дека американскиот претседател Доналд Трамп го задржува правото на вето, со што има одлучувачко влијание врз конечниот исход од трансакцијата.

Санкциите што го поттикнаа процесот на продажба беа делумно ублажени со тоа што регулаторното тело OFAC ја продолжи лиценцата за работа со бензински пумпи на Лукоил надвор од Русија до 29 април 2026 година.

Поврзани содржини