МУЦУНСКИ ГО ПОЗДРАВИ АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Тој напиша дека Македонија стои зад САД и народот на Венецуела

„Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, пишува Муцунски во објавата.

652

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Во објава на платформата X, Муцунски ја поздравува објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата.






„Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, пишува Муцунски во објавата.

Муцуснки упати пофални зборови за американскиот државен секретар Рубио за неговото лидерство во, како што вели, соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.

Поврзани содржини