ИЗМАМИЛЕ СТАРЕЦ СО ЛАЖНИ ДИЈАМАНТИ ВО ЦЕНТАР Дај да ги споредиме банкнотите, рекол „Хрват од Кувајт“

Полицијата соопшти дека измамниците му пришле на старецот и дека едниот се претставил како човек од Хрватска кој работел во Кувајт. Побарале да им покаже евра за споредба со нивните, а доверливиот скопјанец отишол дома, ги зел своите пари и им ги дал. Во замена, измамниците му дале 3 лажни дијамантски алки.

295

Две лица ја искористиле довербата на 85-годишен скопјанец и му земале 5.000 евра под изговор дека сакаат да ги „споредат“ банкнотите. Настанот се случил на 30 декември 2025 година, околу 11 часот, на подрачјето на скопски Центар.

Полицијата соопшти дека измамниците му пришле на старецот и дека едниот се претставил како човек од Хрватска кој работел во Кувајт. Побарале да им покаже евра за споредба со нивните, а доверливиот скопјанец отишол дома, ги зел своите пари и им ги дал.






Во замена, измамниците му оставиле 3 наводно дијамантски алки „како гаранција“. Кога не се вратиле, тој сфатил дека станува збор за измама и пријавил во СВР Скопје.

МВР презема мерки за идентификација и приведување на сторителите.

 

Поврзани содржини