МОЖЕ ДА НЀ КУПАТ СИТЕ И ДА ИМ ОСТАНЕ КУСУР Ова се петте најбогати семејства во светот

Од трговски гиганти и модни империи до владејачки династии од Блискиот Исток – „Bloomberg“ ја откри елитата што располага со стотици милијарди долари.

243

Американската медиумска и финансиска компанија „Bloomberg“ објави листа на најбогатите семејства во светот. Освен поединци, и листата на најбогатите семејства привлекува големо внимание.

Петте најбогати семејства во светот се:






Волтон (САД)

Ал Нахјан (ОАЕ)

Ал Тани (Катар)

Хермес (Франција)

Кох (САД)

Семејството Волтон го основа Волмарт, најголемиот малопродажен ланец во светот. Нивното богатство се проценува на над 400 милијарди долари.

Семејството Ал Нахјан владее во Абу Даби, најбогатиот емират во ОАЕ. Тие ги контролираат државните ресурси и клучните индустрии, а нафтата е главен извор на нивното богатство, кое изнесува повеќе од 300 милијарди долари.

Семејството Ал Тани е владејачка династија во Катар. Нивното богатство се проценува на повеќе од 170 милијарди долари.

Семејството Хермес го стекна своето богатство преку луксузната модна индустрија. Нивното богатство вреди околу 170 милијарди долари.

Семејството Кох го стекнало своето богатство во хемиската и енергетската индустрија, а нивното богатство се проценува на приближно 150 милијарди долари.

Поврзани содржини