„ИНТЕКАР ГЛОБАЛ“ ГО ПРОШИРУВА БИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА Планира да вложи најмалку 20 милиони евра

Компанијата Интекар Глобал која веќе подолг период работи во Индустриската зона Дуброво, Неготино е водечки производител во индустријата за кабли со широк спектар на производи, од нисконапонски до средно напонски кабли, соларни кабли и специјални кабли.

96

Компанијата за производство на кабли „Интекар Глобал“ која веќе работи во Индустриската зона Дуброво во општина Неготино има намера да го прошири бизнисот во земјава со инвестиција од најмалку 20 милиони евра.

Ова го соопштил генералниот директорот на компанијата Махмутхан Келеш на средба со директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, соопштија од Дирекцијата.






Келеш на средбата ги презентирал досегашните резултати, како и визијата за натамошен развој, при што го нагласил интересот за продлабочување на соработката и разгледување на можности за потенцијална инвестиција од минимум 20 милиони евра. При тоа тој ја нагласил важноста на стабилната деловна средина и институционалната поддршка за успешно реализирање на долгорочните деловни планови.

Директорот Димовски ги претставил активностите и приоритетите на Владата, при што ја истакна подготвеноста за поддршка на компании кои планираат проширување на своето присуство и реализација на развојни проекти кои носат висока додадена вредност.

Компанијата Интекар Глобал која веќе подолг период работи во Индустриската зона Дуброво, Неготино е водечки производител во индустријата за кабли со широк спектар на производи, од нисконапонски до средно напонски кабли, соларни кабли и специјални кабли.

Компанијата е препознаена по високите стандарди за квалитет, флексибилноста во прилагодување на барањата на клиентите и силниот акцент на технолошки развој и енергетска ефикасност.

Поврзани содржини