ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА И ГРАЃАНИТЕ НА СЕРАВА НАЈДОА ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК Скопската населба добива струја

Како што велат од Електродистрибуција, по конструктивните средби со граѓаните, теренските активности започнуваат денес со поправка на тековните дефекти, додека од понеделник екипите на Електродистрибуција интензивно ќе работат на реконструкција на дистрибутивната мрежа во сите улици на населбата Серава во Скопје.

1,071

Електродистрибуција најави дека ќе започне со работа во населбата Серава. Компанијата соопшти дека имала средба со граѓаните од оваа скопска населба кои претходно протестираа  на улицата позната како Пластичарска против прекините на струја.  А граѓаните од населбата немаа струја, затоа што со години неконролирано крадат струја, па им се расипал преооптоварениот трансформатор.

Како што велат од Електродистрибуција за Плусинфо, по конструктивните средби со граѓаните, теренските активности започнуваат денес со поправка на тековните дефекти, додека од понеделник екипите на Електродистрибуција интензивно ќе работат на реконструкција на дистрибутивната мрежа во сите улици на оваа населба.






„Во насока на надминување на долгогодишната ситуација со загубите и честите дефекти во снабдувањето со електрична енергија во скопската населба Серава, претставниците на Електродистрибуција деновиве одржаа конструктивни состаноци со претставници на општината Чаир, претставници на Министерството за енергетика, како и Министерството за внатрешни работи, каде што се дефинираа конкретните чекори за реализација на планот за реконструкција на нисконапонската мрежа.

Плодната соработка меѓу компанијата и државните институции ќе обезбеди сигурна испорака на електрична енергија во овој регион, како и и правилно мерење на потрошувачката за секој поединечен корисник“.

 

Поврзани содржини