ПО ВЕНЧАВКАТА ВО ИТАЛИЈА, СВАДБА ВО САД Венус Вилијамс правеше шест дена свадба, од сестра ѝ за подарок доби – јахта
По венчавката во Италија, тенисерката Венус Вилијамс и нејзиниот 8 години помлад партнер Андреа, направија и свадба во САД. Од нејзината сестра Серена добиле јахта на која организирале мала забава во склоп на свадбата, а целата прослава траела вкупно шест дена.
Тенисерката Венус Вилијамс и актерот и продуцент Андреа Прети направија свадба во Флорида.
Неколку месеци претходно, тие се венчаа во Италија, а сега направија и втора прослава која траела ни помалку ни повеќе, туку цели 6 дена.
Венус открила и неколку детали за свадбата, вклучувајќи го и луксузниот подарок од сестра ѝ.
– Серена ни подари убава јахта, таа ја организираше храната и сè останато. Имавме 10-тина од најблиските пријатели и членови на семејството и прославивме на јахтата со пеење, танцување, уживајќи во нашето друштво.
View this post on Instagram
45-годишната тенисерка и нејзиниот 37-годишен партнер одлучиле да направат уште една прослава во САД, бидејќи требало да чекаат долг период додека венчавката во Италија да се официјализира и во Америка.
– Сонот ни беше да се венчаме во Италија. Но, немавме доволно време да ги средиме сите документи – бидејќи јас сум од друга држава, може да одземе и осум месеци. Па, одлучивме да направиме втора свадба.
За Vogue, Венус сподели детали за нивната врска, а го опишува и мигот кога Андреа ја запросил.
Тие се запознаа во 2024-та, на Модната недела во Милано, а набрзо потоа почнале да се допишуваат.
Венус вели дека по шест години поминати сама, не скала драми, но Андреа веднаш се покажал како одличен партнер.
– По само неколку состаноци, знаев дека ќе се омажам со него. Луѓето секогаш велат дека чувствуваат и јас навистина го чувствував тоа.
Шест месеци подоцна, Андреа ја побарал за жена.
– Со Андреа сакаме да патуваме и бевме на прекрасно место со термални води. По цел ден поминат во базените и неколку масажи, вечеравме во нашата соба, кога Андреа ми рече да си замислам желба.
Потоа ме праша дали сакам да ја слушнам неговата желба. Му реков дека сакам и тој се сврти, извади прстен и ме побара за жена – раскажува Венус.
Покрај забавата на јахта, Венус и Андреа организирале уште неколку прослави со најблиските.
Венус променила неколку аутфити, додека за главната вечер избрала долга бела венчаница од тантела со долг бел вел.