📽️УКРАИНСКИ ПОГОДОК, ГОРИ НАФТЕН ГИГАНТ ВО СТАВРОПОЛ Русите возвратија, Полска крена авиони
Погонот во Ставропол е клучен за производство на полиетилен и полипропилен, а истиот, според „Ројтерс“, претходно бил цел на украински напади. Од друга страна, Русија изведе напади во повеќе региони вклучувајќи го и главниот град на Украина. Полска ги крена борбените авиони во готовност.
Пламени јазици се издигаат од петрохемискиот комплекс „Ставролен“ , кој го управува рускиот енергетски гигант „Лукоил“ јво руската покраина Ставропол. Украина го нападнала регионот со дронови.
Според гувернерот Владимир Владимиров потврдил дека во напад нема повредени, додека станбените згради и инфраструктурата останале недопрени.
„Во индустриската зона има пожари. Службите за итни случаи работат на местото на настанот“, напишал Владимиров на Телеграм, без да открие кој објект бил зафатен.
Овој погон е клучен за производство на полиетилен и полипропилен, а истиот, според „Ројтерс“, претходно бил цел на украински напади.
Украина, според западните извори, смета дека ваквите удари имаат за цел да ги ограничат руските воени капацитети и логистиката на Кремљ во војната која трае речиси 4 години.
A loud night in Russia’s Stavropol Krai, as the Stavrolen petrochemical plant in Budyonnovsk faced hardship until the early hours. pic.twitter.com/iKFQY7DeGa
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) December 23, 2025
Исто така, Русија возвратила со серија воздушни удари врз енергетската инфраструктура на Киев и други региони. Нападот ја предизвикал Полска, членка на НАТО, да испрати авиони за да го заштити својот воздушен простор, поради ризикот од прелевање на руските ракети во близина на границата.
„Мерките се превентивни и имаат за цел заштита на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението на полската воена команда.
Според украинското Министерство за енергетика, руските напади во повеќе места предизвикале итни прекини на електричната енергија, вклучувајќи го и главниот град.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјавил дека остатоци од ракети паднале во населбата Свјатошински, оштетувајќи станбени згради, но без човечки жртви.
Викендот претходно, во Мајами, под покровителство на САД, се одржале мировни разговори меѓу американски, украински, европски и руски претставници, во обид да се испита дали постои простор за прекин на огнот.
Сепак, нападите што уследија го покажаа спротивното – дипломатскиот фронт останува тенок, додека воениот расте во пламен.