НЕЕКСПЛОДИРАНАТА БОМБА ГО ОТКРИ ПЕКОЛОТ ШТО БИЛ ПЛАНИРАН ВО БОНДИ Нападот бил вежбан со месеци

Акрамови пристигнале на плажата со автомобил во кој имале четири импровизирани експлозивни направи, меѓу нив и онаа што полицијата ја нарекува „бомба со тениско топче“. Од мостот што гледа кон прославата на Ханука, фрлиле неколку бомби кон толпата – но ниту една не експлодирала. Дури потоа отвориле оган од пушки вршејќи го масакрот.

1,572

Судските документи за масакрот на плажата Бонди во Синеј откриваат ладнокрвна подготовка, фанатична идеологија и импровизирани експлозиви, меѓу кои и „бомба со тениско топче“, што можела да избрише десетици животи, пишува Би-Би-Си во ново ажурирање на приказната која ги потресе Австралија и светската јавност.

Навид Акрам (24) и неговиот татко Саџид внимателно го режирале хоророт неколку месеци однапред, снимале видеа со симболи на Исламска држава и вежбале пукање во рурална област пред да ја изведат најсмртоносната акција на австралиско тло во последната деценија.






Дошле да ја повторат трасата

Полицијата објави дека видеа од октомври прикажуваат татко и син како седат пред црно знаме на ИСИС, додека Навид рецитира стихови од Куранот и говори против „ционистите“.

Неколку други снимки ги прикажуваат како пукаат со пушки, се движат во формација и изведуваат тактички маневри, сè во подготовка за нападот.

Истражителите велат дека две дена пред пукањето, Акрамови повторно дошле на Бонди за извидување. Камерите ги снимиле како шетаат по истата траса каде подоцна ќе фрлаат експлозиви и ќе пукаат кон толпата.

Фото: Принтскрин

Фрлале рачни бомби, но ниту една експлодирала?

На денот на нападот, 14 декември, во 18:50 часот, Акрамови пристигнале на плажата со автомобил во кој имале четири импровизирани експлозивни направи, меѓу нив и онаа што полицијата ја нарекува „бомба со тениско топче“.

Снимките покажуваат како од автомобилот вадат долги пакети завиткани во ќебиња, во кои биле скриени пушки, цевни бомби и црни знамиња на Исламската држава.

Од мостот што гледа кон прославата на Ханука, фрлиле неколку бомби кон толпата – но ниту една не експлодирала. Потоа отвориле оган со пушки, убивајќи четиринаесет лица на самото место, додека уште едно лице починало подоцна во болница.

Бомбата во багажникот, доказ за фанатизмот

Во престрелката што следела, Саџид Акрам бил убиен, а Навид сериозно повреден од полициски оган.
Полицијата пронашла рачно изработена бомба во багажникот – доказ дека терористичкиот чин бил подготвуван со воена дисциплина и религиозна фанатичност.

Синот обвинет за 59 дела

Навид Акрам се соочува со 59 обвиненија, меѓу кои 15 за убиство и едно за тероризам. Обвинителството тврди дека нападот бил „прецизно режиран терористички чин со јасна идеолошка мотивација“.

Сведоци опишуваат сцени од хаос и страв, а локалната заедница ја нарече трагедијата „пеколот под светилките на Ханука“.

„Изговор да се затегнат законските слободи“

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, најави нов пакет закони за оружје и протести, на што реагираа организации за граѓански права, предупредувајќи дека „безбедноста не смее да стане изговор за стегање на слободите“.

Минс одговори дека безбедноста на граѓаните мора да биде пред сè, дури и ако дел од јавноста смета дека мерките се престроги.

 

Поврзани содржини