📽️ УДАР ЗА ПУТИН, УБИЕН ГЕНЕРАЛОТ САРВАРОВ Детонирана бомба во „Киа“ среде Москва

Првичните траги укажуваат дека бомбата била поставена под шасијата на автомобилот, пренесуваат руски канали на Телеграм. Експлозијата се случила околу 7 часот наутро во населбата Јасенево, само неколку минути откако Сарваров го напуштил паркингот.

4,555

Експлозив скриен под автомобил разнесе еден од најблиските генерали на рускиот претседател Владимир Путин. Генерал-потполковник Фанил Сарваров, човекот што ги водел оперативните обуки на целата руска армија, се нашол во оган и метал во моментот кога го стартувал моторот на своето „Киа Соренто“ на паркингот во населбата Јасенево во Москва.

Руските спасувачи го извлекле генералот од смачканото возило, жив, но тешко повреден. Починал на пат кон болница.

 






Експлозијата се случила околу 7 часот наутро во населбата Јасенево, само неколку минути откако Сарваров го напуштил паркингот.

Рускиот Истражен комитет отвори кривична истрага за терористички чин, а првичните траги укажуваат дека бомбата била поставена под шасијата на автомобилот.

Според рускиот канал „SHOT“ на Телеграм, 56-годишниот генерал претрпел повеќекратни рани од шрапнели, затворени фрактури, рани на нозете и фрактури на коските на лицето.

Поврзани содржини