ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СЕ КООРДИНИРААТ, ОДГОВОРНОСТИТЕ ДА СЕ РАСПРЕДЕЛАТ Состанок во Владата за приоритетите од Реформската агенда

Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда е да ја завршиме домашната задача, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

1,213

Во Владата денеска се одржа состанок за тековните приоритети од Реформската агендa, информира премиерот Христијан Мицкоски.

„Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите. Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда е да ја завршиме домашната задача“, објави премиерот Мицкоски.






На состанокот беа присутни министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерките за енергетика и за финансии, Сања Божиновска и Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија Бесар Дурмиши и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Поврзани содржини