ЗЛОСТОРНИЧКИ ЗДРУЖЕНИ 33 ЛИЦА ИСПРАЛЕ 2 МИЛИОНИ ЕВРА Ја оштетиле ЕСМ Дистрибуција за 7,6 милиони евра
Осомничените овозможиле правно лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 7.682.445 евра на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.
Поднесена е кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, а по двајца се трага, соопшти полицијата.
Како што претходно информира полицијата во текот на ноќта на 17 и 18.12.2025 година, спроведена е координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и во Кочани. Во акцијата од слобода се лишени 11 лица.
Вчера (18.12.2025 година), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 33 физички лица и тоа: Б.Д. (39), Ф.А. (40) и К.П. (36) сите од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) во врска со „помагање“ (чл.24) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од Кривичниот зкаоник.
Пријавените Б.Д., Ф.А., К.П., В.С., Д.М., В.К. и Б.З., во текот на 2023 година создале група која имала за цел вршење кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Кон оваа група се приклучиле М.Ц., Б.Ч., Л.П., П.С., Ј.П., А.М., Б.Н., Џ.К., С.Г., Д.З., Ф.З., З.Б., З.В., И.С., А.М., В.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., кои во текот 2023 и 2024 година, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.
Во текот на 2023 година, со намера да се изигра постапката, по претходно договорена и изготвена техничка спецификација за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлинска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина дооел Скопје, дел од припадниците на злосторничкото здружување, во својство на службени лица не ја извршиле својата службена должност. Истите договориле на Огласот за јавна набавка, да се пријават правните лица од Скопје и од Куманово, при што правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со понуда со непотполна документација и повисока понудена цена од правното лице од Скопје, кој дал понуда во износ речиси идентичен со проценетата вредност на јавната набавка, иако истата не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствие овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 400.400.000 денари без ДДВ, односно 472.470.407 денари со ДДВ (7.682.445 евра) на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.
По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела пријавените В.С., В.К., К.П., Ф.А., Б.Д., Ф.З., Б.З., З.Б., З.В., И.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., во периодот од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и со намера да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на парите кои биле прибавени со наведените кривични дела, пуштиле во оптек, примиле и пренеле пари во вкупен износ од 125.556.930,00 денари (2.041.576 евра) и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
В.С. (51) од Скопје се гони за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) во врска со „поттикнување“ (чл.23) од КЗ, В.К. (53) од Пробиштип, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ.
Б.З. (47) од Куманово се гони за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв чл.23 вв.ст.1 вв ст.45) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ.
Д.М. (62) од Куманово се гони за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1) и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ.
А.М. (58), Џ.К. (30), Б.Н. (44), М.Ц. (40), Б.Ч. (53), П.С. (30), Л.П. (28), Ј.П. (40) и Д.З. (45) сите од Скопје се гонат за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ.
С.Г. (47) од Скопје се гони за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1) од КЗ.
Ф.З. (46) и И.С. (46) од Куманово, З.Б. (39), А.Б. (37), А.М (40), А.М. (53), Т.С. (45), З.В. (58), Б.К. (27) и П.Ј. (28) сите од Скопје, В.С (58) од Неготино, Б.К. (55) од Кочани, Ѓ.К. (63) од Велес, В.К. (32) и С.М. (40) од Штип и В.Т. (47) од Пехчево се гонат за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.1) во врска со „соизвршителство“ (чл.22) од КЗ.
Две правни лица од Скопје и од Куманово ќе се гонат за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) од КЗ.