ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА НЕКОЛКУ ЗАКОНИ ВО СОБРАНИЕТО Меѓу нив измените на законот за буџети

Пратениците дадоа зелено светло и за Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани.

205

Собранието попладнево ја продолжи 76. седница и ги донесе следнитенеколку закони. Донесен е Закон за изменување на Законот за буџети и Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.

Пратениците дадоа зелено светло и за Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје и измените и дополнувањата на Законот за експропријација, сите по скратена постапка.






Седницата продолжи со дебата по Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски пред пратениците ја образложи Резолуцијата.

Поврзани содржини