НИКОГАШ ПОВЕЌЕ РУСКИ ГАС Европскиот парламент изгласа целосна забрана и по завршување на војната во Украина
По потврдата од Парламентот денеска, формалното усвојување на законот од страна на Советот на ЕУ останува на почетокот на следната година.
Европскиот парламент денеска ја потврди постепената и целосна забрана за увоз на руски природен гас до крајот на 2027 година, која ќе важи дури и по конечното постигнување мир во Украина.
Членовите на ЕУ, освен Унгарија и Словачка, се согласија на почетокот на декември дека целосно ќе престанат да увезуваат руски гас до крајот на 2027 година.
По потврдата од Парламентот денеска, формалното усвојување на законот од страна на Советот на ЕУ останува на почетокот на следната година.
И покрај противењето на Словачка и Унгарија на правно обврзувачката забрана, се очекува одлуката лесно да се потврди.
– Аргументот дека не можеме да го замениме рускиот гас не е точен – можеме и веќе го направивме тоа. Побарувачката за овој енергетски производ опаѓа во последните две години, снабдувањето со гас е многу поразновидно, а снабдувањето со течен природен гас брзо раст – изјави еден ден претходно една од известувачите на Парламентот за тој закон, Летонката Инезе Вајдере.
Таа нагласи дека Русија не била сигурен партнер дури и пред нападот врз Украина, бидејќи ги манипулирала тековите на гас.
-Енергијата и агресијата се испреплетени во тој случај – рече Вајдере.
Таа додаде дека забраната ќе важи дури и по постигнувањето мир во Украина.
Вајдере, исто така, потсети дека од почетокот на таа војна, ЕУ ѝ платила на Русија повеќе од 216 милијарди евра за фосилни горива и продолжува да ѝ дава 40 милиони дневно.
Комесарот за енергетика на Европската комисија, Дан Јоргенсен, во дискусијата рече дека ЕП често донесува важни одлуки, но ретко такви како оние што „ќе бидат забележани во Москва и Вашингтон и низ целиот свет“.
– Ќе извади вистински пари од воениот ковчег на Путин – рече тој.