ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА Лекари предупредуваат на опасностите од прекумерно играње

Студенти по психологија во Битола слушнаа директни сведоштва и стручни совети за ризиците од зависност и важноста на одговорното играње

206

Со цел да се спречи растечкиот ризик од зависност од игри на среќа кај младите, во Битола се одржа едукативно предавање посветено на одговорното играње, насочено кон студентите по психологија на Славјанскиот универзитет.

Настанот се реализираше во рамки на проектот „Играј одговорно“, со поддршка на Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и Здружението на лекувани зависници, а фокусот беше ставен на превенцијата, препознавањето на ризиците и улогата на едукацијата во заштитата на младите.






Пред студентите зборуваа прим. д-р Павлина Васкова, специјалист невропсихијатар, и психологот д-р Илинка Васкова, кои преку конкретни примери од праксата ги објаснија механизмите на создавање зависност и последиците од прекумерното играње игри на среќа.

Од Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија нагласуваат дека ваквите активности се дел од нивната долгорочна стратегија за општествена одговорност.

– Како компанија, имаме обврска не само да ги почитуваме регулативите, туку и активно да работиме на заштита на играчите, особено на младите и ранливите категории. Преку едукација и превенција градиме култура на одговорно играње – порачуваат од Видеолотарија.

Проектот „Играј одговорно“ ќе продолжи и во други градови, со цел да се подигне свеста за опасностите од прекумерното играње и да се промовира здрав однос кон игрите на среќа.

Поврзани содржини