„ВОЈНА“ МЕЃУ УНГАРИЈА И ПОЛСКА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Се спукаа министрите Сијарто и Сикоровски

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски ја сподели објавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со коментар дека „Виктор го заслужи својот Орден на Ленин“, па колегата Петер Сијарто му одговори дека сакаат војна меѓу Русија и Европа, во која Унгарија нема да учествува, на што Сикороски жестоко му врати дека во таква војна Унгарија овој пат би била на страната на Русија.

629

Објава на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Икс, во која тој ја критикуваше одлуката на Европската Унија за трајно замрзнување на руските пари, предизвика јавен судир меѓу полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Орбан напиша дека Брисел ја заобиколува Унгарија и го крши европското право за да ги заплени замрзнатите руски средства.






„Заобиколувајќи ја Унгарија и кршејќи го европското право на сред бел ден, бирократите од Брисел преземаат чекори за да ги запленат замрзнатите руски пари. Ова е објава на војна. Во исто време, тие бараат уште 135 милијарди евра од земјите-членки за финансирање на војната. Унгарија нема да учествува во овој перверзен план на Брисел“, напиша унгарскиот премиер Орбан.

На ова реагираше полскиот министер Сикорски. Тој ја сподели објавата на Орбан со коментарот: „Виктор го заслужи својот Орден на Ленин“.

На Сикороски му визврати унгарскиот министер Сијарто, кој му одговори со пораката:

„Разбираме дека навистина сакате војна меѓу Русија и Европа. Нема да дозволиме да нè вовлечете во вашата војна“.

Сикорски возврати: „Ако Русија не изврши нова инвазија, таква војна нема да има, но, разбираме дека овој пат ќе бидете на нејзина страна“.

И украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, реагираше на објавата на Орбан, нарекувајќи го „највредниот замрзнат руски имот во Европа“.

Во петокот, 25 од 27 земји-членки на ЕУ одобрија одлука за замрзнување на неодредено време на рускиот имот што се наоѓа во Европа.

Поврзани содржини