„МЕДЛИН“ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Жената за која пееше на албумот по аферата на Дејвид Харбор, ја критикуваше Лили Ален дека профитира од лаги
Лили Ален е критикувана од вистинската Медлин, жената за која пишуваше во песните на нејзиниот албум „West End Girl“, по аферата на сопругот. Беше откриено дека вистинската Медлин е Натали Типет
Медлин, позната и како Натали Типет, негираше тригодишна афера со Дејвид Харбор откако албумот на Лили го откри нејзиниот отворен брак со актерот од „Stranger Things“, пишува The Sun.
Во серија објави на Инстаграм споделени кратко по настапот на Лили во Saturday Night Live, Натали ги негираше тврдењата за долгогодишна афера со поранешниот сопруг на пејачката, Дејвид.
Таа, исто така, рече дека се чувствувала „крајно навредено“ од начинот на кој Лили ја прикажувала во песните што се наоѓаат на нејзиниот албум за раскинувањето.
Натали сподели три слајдови во своите Инстаграм приказни каде што напиша: Се надевав дека нема да зборувам за ова, но уморна сум од оваа лажна приказна што се форсира и шири.
Таа објасни: Ова беше толку маргинален дел од мојот живот, но сега се претвори во големо нарушување. Следниот слајд гласеше:
– Немав тригодишна афера со никого. Не сум сигурна зошто оваа личност толку многу сака да ги сврти луѓето против мене или да ја создаде оваа приказна за која двете знаеме дека е лажна врз основа на вистинските пораки што ги зачував меѓу нас. Истите оние што сега се споменуваат во песна без моја согласност.
Таа продолжи: Јас не ги користам жените како оружје против жените поради однесувањето на мажите, особено не во отворена врска. Ѝ посакувам секаков успех, пари, исцелување и среќа и што и да бара преку ова.
Натали, која е самохрана мајка, потоа објасни како е свесна за последиците што може да ги предизвика изнесувањето на нејзината вистина. Потоа зборуваше за тоа како „морала да гледа како некој профитира од болни лаги“.
– Јас сум човечко суштество, а не лик што некој го создал – додава таа.
Лили и Дејвид се разделија минатиот декември, а подоцна беше објавено дека тој имал тригодишна афера.
Урнебесните детали за нејзиниот отворен брак и разделбата од актерот Дејвид, потоа, беа откриени во албумот со 14 песни во октомври.
На албумот, Лили го нападна Дејвид и тврдеше дека наводно бил во кревет со жена по име „Медлин“.
Наскоро беше откриено дека „Медлин“ е Натали.
Песната Медлин, од албумот на Лили, е напишана како писмо до жената со која Дејвид имал афера.
– Колку долго трае ова? Дали е само секс или има емоции? пее Лили во еден момент.
И во песната „Тенис“, Лили пее:
– Значи, ја прочитав твојата порака и сега се каам.
Не можам да сфатам како си играла тенис. Да беше само секс, немаше да бидам љубоморна.
Нема да играш со мене, и кој е по ѓаволите, Медлин?