ПОЧИНА ЅВЕЗДАТА КОЈА БЕШЕ ЗАВИСНА ОД ЕСТЕТСКИ ОПЕРАЦИИ Мери Магдалена паднала од балконот на хотел во Тајланд

Ѕвездата за возрасни која беше популарна на социјалните мрежи и беше зависна од естетски операции, починала на 33 години по трагичен „пад од балконот на хотел во Тајланд“. Беше позната по тоа што потрошила над 380.000 фунти на пластични операции.

1,518

Триесетитригодишната онлајн ѕвезда, која потрошила над 380.000 фунти за пластични операции – паднала од кулата Патонг, пренесува Sun.

Полицијата од Пукет соопштила дека телото на мексиканско-канадската манекенка го пронашле вработените во хотелот, на паркингот по 13:30 часот по локално време.






Трупот на Мери бил префрлен од болницата Патонг во болницата Вачира Пукет за да можат судските вештаци да ја испитаат точната причина за смртта.

Шокантната трагедија се случила само неколку часа откако таа мистериозно ја објавила завршната сцена од филмот „Шоуто на Труман“ заедно со фотографија од своето детство на социјалните мрежи.

Починала по пад од балкон на деветти кат, само неколку часа откако се пријавила во вторникот попладне за еднодневен престој.

Моделот, чие вистинско име е Дениз Ивон Џарвис Гонгора, заработила богатство од својот екстремен изглед кој го добила со мноштво операции и голем број тетоважи. Пред три години се појавила во „Soft White Underbelly“ каде што ја прашале: Кога се гледате во огледало, што гледате? Дали ви се допаѓа она што го гледате?

Мери одговорила: Кога се гледам во огледало, се чувствувам добро. Се чувствувам многу задоволно кога се гледам себеси во огледало.

Потоа објаснила дека нејзиниот лик на Марија Магдалена всушност не постои, пред да додаде дека сè уште е среќна што ги инспирира другите луѓе.

Ѕвездата на социјалните медиуми открила дека нема амбиции да живее „долг живот“.

Таа пораснала во религиозно семејство каде што филмовите на Дизни биле забранети, но од 12 години се впуштила во секс и дрога.

Младата девојка, била стриптизета и ескорт до 17-годишна возраст, а четири години подоцна почнала да прави естетски операции.

Најнеобичната операција што ја имала, била таа на вагината. Имено, позната е по тоа што имала „најдебела вагина на светот“.

– Речиси умрев за време на процедурата. Морав да примам две трансфузии на крв. Докторот рече дека губам многу крв. Мислеше дека ќе умрам – рекла таа во една пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary M (@marymagdalene.art)

 

Поврзани содржини