ЕВРОВИЗИСКИОТ ПОБЕДНИК НЕМО ГО ВРАЌА ТРОФЕЈОТ ПОРАДИ ИЗРАЕЛ „Натпреварот се користи за да се разубави имиџот на земја обвинета за сериозни злосторства“

Ако вредностите што ги славиме на сцената не се живеат надвор од сцената, тогаш дури и најубавите песни стануваат бесмислени - порача швајцарскиот победник на Евровизија 2024.

257

Швајцарскиот победник на Евровизија 2024, Немо, одлучи да ја врати наградата во знак на протест против учеството на Израел на натпреварот следната година, наведувајќи ја како причина израелската воена операција во Појасот Газа.

– Не станува збор за поединци или уметници. Станува збор за фактот дека натпреварот постојано се користи за да се разубави имиџот на земја обвинета за сериозни злосторства – објави 26-годишниот уметник на Инстаграм.






Немо истакна дека истрагата на ОН заклучила дека израелските власти и безбедносните сили извршиле геноцид во Појасот Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година.

– Според организаторите на Евровизија, натпреварот се залага за единство, инклузија и достоинство, а учеството на Израел покажува дека постои јасен конфликт помеѓу овие идеали и одлуката на Европската радиодифузна унија (EBU) – додава тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemo (@nemothings)

Израелското Министерство за надворешни работи категорично ги отфрли наодите на ОН и го обвини Хамас дека има геноцидни намери против Израел.

Минатата недела, членовите на ЕБУ се состанаа во Женева за да го расчистат патот за учество на Израел на Евровизискиот натпревар следната година.

Како резултат на тоа, радиодифузерите од Шпанија, Холандија, Ирска, Словенија и Исланд планираат да го бојкотираат евровизискиот натпревар кој ќе се одржи во Виена во мај 2026 година.

Немо вети дека ќе го врати трофејот на ЕБУ во Женева.

– Ако вредностите што ги славиме на сцената не се живеат надвор од сцената, тогаш дури и најубавите песни стануваат бесмислени – заклучи тој.

Поврзани содржини