44-ГОДИШНА ЖЕНА ПОВРЕДЕНА ВО СУДИР СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Сообраќајна незгода на охридските улици

193

44-годишната Л.Т. од село Лескоец вчера се здобила со повреди откако во возилото кое го управувала, патничко „пежо“ со охридски регистарски ознаки, се судрила со полициско возило „шкода јети“, управувано од 26-годишниот полициски службеник Н.И.

Несреќата се случила на 7 декември 2025 година околу 09:40 часот на крстосницата од улиците 7 Ноември и Васил Главинов во Охрид. По несреќата, Л.Т. веднаш била пренесена во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде ѝ била укажана медицинска помош.






На лице место извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, кои го документирале настанот и прибираат потребни докази за целосно утврдување на околностите на несреќата.

Поврзани содржини