Вчера вечер, по 7 пат се одржа настанот Influencer awards организирано од медиумската компанија Color Media Plus, издавачот на македонскиот магазин „Убавина и здравје“. Со присуство на бројни познати инфлуенсери, во атмосфера исполнета со забавa, музика и позитивна енергија, на 4 декември, во Ragusa 360 Rooftop, се доделија многубројни награди во различни категории.
Местото каде сите имаме многу свои фаворити се дефинитивно продавниците на dm дрогерие маркт, па затоа оваа година беше креирана категоријата „Мои dm фаворити“ под покровителство на dm дрогерие маркт за креативните млади луѓе да создаваат содржина инспирирана од нивните фаворити.

Во оваа категорија учесниците беа задолжени да ги претстават нивните омилени dm производи и да споделат зошто баш тие производи се нивен избор. Овој предизвик ги охрабруваше инфлуенсерите да бидат токму она што се, својата вистинска личност и стил во секојдневниот живот, инспирирајќи ги следбениците со нивната реалност и уникатност.
На предизвикот се пријавија повеќе од 20 млади таленти, кои на креативен и инспиративен начин ги споделија своите омилени dm производи. Изборот беше вистински предизвик, бидејќи сите подготвија импресивни и оригинални предлози. Како победник во оваа категорија беше прогласена Вања Мишевска, која на многу интересен и креативен начин ја претстави својата омилена dm makeup рутина со производи во вкупна вредност од 600 денари и која ќе има можност да соработува со dm за новогодишната кампања.
View this post on Instagram
dm им изрази искрена благодарност на сите учесници за нивниот труд и посветеност, нагласувајќи ја радоста и желбата за понатамошен развој и поттикнување на младите таленти.
Покрај овој интересен предизвик за инфлуенсерите, dm помисли и припреми изненадувања и за сите останати присутни. Салата беше исполнета со хелиумски балони на кои имаше закачено картичка „Повлечи ме!“ и присутните имаа можност да добијат интересни пакетчиња со производи од dm и вредносни ваучери проследени со прекрасни инспиративни пораки кои имаа за цел да потсетат на нашата уникатност и автентичност – сѐ она што не прави #скрозјас.
