КОМПАНИЈАТА „ГРЕЈСТАУН“ ПЛАТИ ЦЕХ ОД 7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОРАДИ СОРАБОТКА СО РУСИЈА Примала пари од рускиот олигарх Олег Дерипаска

Во 2018 година, Америка воведе санкции против Дерипаска, кои вклучуваа замрзнување на неговите средства во САД и забрана за американски граѓани и компании да соработуваат со него.

30

САД ја казнија американската компанија „Грејстаун“ со 7 милиони долари, бидејќи ги прекршила санкциите против Русија и примила пари од бизнисменот Олег Дерипаска, објави Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAK) при Министерството за финансии на САД.

Во соопштението се вели дека од април 2018 до мај 2020 година, компанијата „Грејстаун“ со седиште во Њујорк примила 24 месечни исплати од 31.250 долари од компанија во сопственост на  рускиот олигарх Дерипаска, и покрај предупредувањата од американските власти.






Во соопштението се наведува и дека компанијата „Грејстаун“ не ги информирала американските власти дека поседува „замрзнати средства“ на Дерипаска, за што била казнета со 7.139.305 долари.

Во 2018 година, Америка воведе санкции против Дерипаска, кои вклучуваа замрзнување на неговите средства во САД и забрана за американски граѓани и компании да соработуваат со него.

Поврзани содржини