РЕКОНСТРУРАНИ СОБИ И НОВА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА Големата ложа на Македонија донираше 25 илјади евра
Реновиран е посебен апартман во клиниката, како и собата за преврски, со што пациентите добиваат унапредени услови за престој и третман, а значително е подобрена и функционалноста на просторот, што директно влијае на квалитетот на грижата за пациентите, изјави минситерсот за здравство при денешната посета на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е извршена целосна реконструкција на сместувачките капацитети, каде изминатиот период се лекуваа дел од повредените лица од пожарот во Кочани.
По тој повод министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети оваа Клиника.
– Целосно се реконструирани сместувачките капацитети на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Реновиран е посебен апартман во клиниката, како и собата за преврски, со што пациентите добиваат унапредени услови за престој и третман, а значително е подобрена и функционалноста на просторот, што директно влијае на квалитетот на грижата за пациентите. Со донацијата од Големата ложа на Македонија, во вредност од 25 илјади евра, обезбедена е и нова медицинска опрема, која опфаќа антидекубитални душеци, медицински лопатки, сталаци за инфузија, и други апарати – истакна министерот при посетата.
Алиу изрази благодарност за значајниот филантропски гест до членовите на Големата ложа на Македонија и на целото раководство, кои со овој чин покажуваат дека филантропијата е одговорност, а не само убав збор, а воедно и дека јавниот здравствен систем има пријатели и партнери кои веруваат во можноста за унапредување на грижата за пациентите.