ПИЈ ВОДА И ФРЛИ ГО ЃУБРЕТО НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО! Изворска јуниор пренесува пораки преку проектот ЕКО авантура

0

Во речиси сите градинки во Скопје во изминатиот период се реализираше едукативниот проект на Изворска Јуниор – „ЕКО авантура“. Одиграни беа преку 60 претстави пред повеќе од 11.000 присутни мали гледачи, а караванот продолжува и во другите градови низ земјата.

Преку „ЕКО авантура“, Изворска Јуниор ја пренесува пораката дека грижата за себе и грижата за природата се учат паралелно. Децата преку игра, приказна и интеракција добиваат први навики за хидратација, правилно справување со отпад и почит кон средината во која растат.






Претставата е во продукција на Триангл, а режијата е на Десанка Глигоријевиќ. Содржината е прилагодена за детска возраст и на едноставен начин ги објаснува темите за рециклирање и за чиста животна средина. Воспитувачите ја опишуваат како корисна за секојдневната работа со децата, а претставата лесно се вклопува во програмите за учење преку игра.

„ЕКО авантура“ е само еден од начините преку кои компанијата Кожувчанка ја покажува својата долгорочна ориентација кон децата како наша иднина и млади луѓе кои ќе ја градат свеста за околината во која живеат.

Со Изворска Јуниор како дел од овој проект, пораката е едноставна: Кога навиките за хидратација и грижата за природата се градат уште од најмала возраст, тие остануваат со нас цел живот!

 

Поврзани содржини