📽️ РУСКО ЗНАМЕ ВО ПОКРОВСК ПО ЦЕЛА ГОДИНА БИТКИ Путин е информиран за новиот пробив

Руското Министерство за образование објави снимка на социјалните мрежи од поставување на руското знаме во Красноармејск во центарот на градот.

810

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Доњецк, град што го нападна пред една година. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека претседателот Владимир Путин е информиран за новата ситуација, пренесе агенцијата Ројтерс.

Руското Министерство за образование објави снимка на социјалните мрежи од поставување на руското знаме во Красноармејск во центарот на градот.






Меѓутоа, украинските власти сè уште не ја потврдиле руската окупација. Претседателот Володимир Зеленски, за време на посетата на Париз, изјави дека интензивни борби се водат околу Покровск и во регионот Харков.

Од друга страна, Москва тврди дека не само Покровск, туку и градот Вовчанск во Харков се под контрола на руските сили. Ваквите изјави не можат да се потврдат независно.

Набљудувачите во Европа предупредуваат дека соопштението на Кремљ е можно да е координирано со најавената посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва, каде што се очекува разговор за можен мировен план.

Поврзани содржини