📽️ ПРЕСКОКНА ЅИД ОД 6 МЕТРИ, ЛАВИЦАТА ГО ИЗЕДЕ Опасниот потфат на момче во Бразил заврши фатално

Сведоци изјавиле дека момчето се качувало по страничната структура на кафезот, додека неколку посетители снимале со телефон. Лавицата веднаш реагирала и го нападнала.

2

Момче на возраст од 19 години починало во неделата откако лавица го нападнала во зоолошка градина во Бразил. Бразилскиот Институт за судска полиција потврди дека жртвата го преминала ѕидот висок над 6 метри, ги пробила безбедносните огради и влегла во просторот на лавицата користејќи дрво како потпора, јави Глобо.

Сведоци изјавиле дека момчето се качувало по страничната структура на кафезот, додека неколку посетители снимале со телефон. Лавицата веднаш реагирала и го нападнала.

 






Полицијата и службите на зоолошката градина брзо пристигнале на местото, но било предоцна. Институтот потврдил дека 19-годишникот починал на самото место од здобиените повреди.

 

Останува нејасно зошто момчето ја прескокнало оградата. Неговите пријатели изјавиле дека не покажувал знаци на очај или намера да се самоповредувањеи, додека очевидци рекле дека изгледал како да сака да направи нешто спектакуларно.

Поврзани содржини