📷 ОТСТРАНЕТА ДИВОГРАДБА НА УЛИЦА ОРЦЕ НИКОЛОВ Продолжува акцијата за воспоставување ред на јавни површини

Целта е јасна – заштита на јавниот интерес и враќање на јавниот простор на сите граѓани, напиша градоначалникот на Центар велејќи дека акцијата продолжува.

6,114

Општина Центар ја урна нелегално изградената доградба на деловен објект на улица Орце Николов број 139, која без одобрение за градење го узурпираше просторот наменет за граѓаните.

„Продолжува акцијата за воспоставување ред на јавните површини“, напиша градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.






Тој додава дека општината продолжува со засилени инспекциски, контроли и со активности за расчистување на бесправно изградени и нелегално поставени објекти.

„Целта е јасна – заштита на јавниот интерес и враќање на јавниот простор на сите граѓани“, порачува Герасимовски.

Поврзани содржини