„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ЈА ЗГОЛEМИ ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО ВТОРАТА ФАБРИКА НА 140 МИЛИОНИ ЕВРА Стабилната државна поддршка била клучна за проширување на инвестицијата

Ова зголемување сериозно ја позиционира германската фармацевтска компанија Гересхајмер како сериозна инвестиција во историјата на независна Македонија, при што се очекуваат нови високо платени работни места.

41

Германската компанија „Гересхајмер“, која ја гради својата втора фабрика во ТИРЗ Скопје 2 планира да ја зголеми инвестицијата на 140 милиони евра, која првично изнесуваше 126 милиони евра.

Ова било соопштено денеска на средбата на директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, соопштија од Дирекцијата.






Ова зголемување, се наведува во соопштението, сериозно ја позиционира германската фармацевтска компанија Гересхајмер како сериозна инвестиција во историјата на независна Македонија, при што се очекуваат нови високо платени работни места

Директорот Димовски истакна дека зголемувањето на довербата од страна на инвеститорите е потврда дека државата може да понуди стабилна, предвидлива и конкурентна бизнис клима, што е од клучно значење за реализација на долгорочни високотехнолошки проекти кои ќе донесат висока додадена вредност за целата економија.

Томас Мартинс, директор на фабриката во Скопје изрази задоволство за досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ и Владата, при што беше нагласено дека токму стабилната поддршка и отворената комуникација биле клучни фактори во одлуката за проширување на инвестицијата.

Од негова страна беше истакнато дека оваа проширена инвестиција ќе генерира пошироко индустриско и економско влијание врз регионот, вклучувајќи повисоки технолошки стандарди и зајакнати мрежи на добавувачи, при што се очекува и зголемување на просечниот годишен раст на продажбата на локацијата.

Во оваа фабрика  ќе се произвведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и шприцови за вакцини.

Поврзани содржини