СРБИЈА ОБЕЗБЕДИ 1,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА КУПУВАЊЕ НА „НИС“ Руските сопственици добија рок од 50 дена да ги продадат акциите

НИС, поради руската сопственост, е под санкции на САД во последните 48 дена, а нивната рафинерија за нафта во Панчево, која го снабдува поголемиот дел од српскиот пазар, денеска треба целосно да биде затворена.

222

Србија се подготвува за преземање на нафтената индустрија (НИС) иако им даде рок на руските сопственици од 50 дена за завршување на преговорите за купопродажба на мнозински удел во компанијата.

За таа цел српската влада денеска преку амандман на буџетот за следната година обезбеди 1,4 милијарди евра.






Ова, како што коментираат српските медиуми, значи дека се остварува изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој пред некој ден изјави дека земјата не сака да оди на национализација на НИС од политички причини, но ќе се обиде да го купи рускиот удел.

Како што е наведено во текстот, „амандманот е предложен со цел да се обезбеди енергетска безбедност и стабилност на земјата“, за што „е потребно да се предвиди стекнување на финансиски средства до износ од 164.000.000.000 динари (1,4 милијарди евра), како и да се обезбеди финансирање за наведената намена“.

За амандманот на Предлог-законот за буџетот за 2026 година се очекува да се гласа во наредните денови.

НИС е под санкции на САД во последните 48 дена, а нивната рафинерија за нафта во Панчево, која го снабдува поголемиот дел од српскиот пазар, денеска треба целосно да биде затворена.

Поврзани содржини