ЦЕЛА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО В среда и четврток на планините ќе забели снег
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 1 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 2 до 13 степени.