📷 СТОЛБЧИЊА ЗА СЛОБОДНИ ТРОТОАРИ, ЛАДЕН АСФАЛТ ЗА ДУПКИТЕ Екипите на Град Скопје работат на повеќе локации

Овие тековни зафати што денес ги гледаме се само увертира во големите проекти што следуваат. Градиме чекор по чекор, со јасна визија и решеност да го вратиме Скопје на местото кое заслужува, напиша градоначалникот на Скопје.

275

Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фесјбук профил и сподели слики од интервецниите.

„Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови. А напролет, кога временските услови ќе дозволат, се насочуваме кон сериозна, темелна и целосна обнова на коловозите.
Паралелно, ги ослободуваме тротоарите за пешаците преку поставување на столбчиња. Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат. Во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно се поставува нова урбана опрема, со цел да внесеме повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор. Овие тековни зафати што денес ги гледаме се само увертира во големите проекти што следуваат. Градиме чекор по чекор, со јасна визија и решеност да го вратиме Скопје на местото кое заслужува“, напиша Ѓорѓиевски.






Поврзани содржини